Ограничена гаранција на Apple од една (1) година за производи од брендот на Apple

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ

Едногодишната гаранција на Apple е доброволна гаранција на производителот. Обезбедува права одвоени од правата предвидени со законот за заштита на потрошувачи, вклучувајќи, но без ограничување на оние права кои се однесуваат на несообразни стоки.

Како такви, придобивките од едногодишната ограничена гаранција на Apple се дополнување, а не замена на правата предвидени со законот за заштита на потрошувачи. 

Потрошувачите имаат право да изберат дали да побараат услуга согласно Едногодишната ограничена гаранција на Apple или согласно нивните права од законот за заштита на потрошувачи. 

Важно: Условите и одредбите на едногодишната ограничена гаранција на Apple не важат за побарувања по основ на законот за заштита на потрошувачите. 

За дополнителни информации за законот за заштита на потрошувачите, посетете ја веб-локацијата на Apple (www.apple.com/legal/warranty/statutoryrights.html) или стапете во контакт со вашата локална организација за заштита на потрошувачи.

ШТО ОПФАЌА ОВАА ГАРАНЦИЈА?

Apple Distribution International Ltd., Hollyhill Industrial Estate, Hollyhill, Cork, Republic of Ireland (или неговиот правен следбеник) („Apple“) гарантира дека хардверските производи и додатоци со брендот на Apple што се содржани во оригиналното пакување („Производ на Apple“) немаат дефекти во материјалите и изработката кога се користат во согласност со Упатствата за корисници на Apple, техничките спецификации и други објавени насоки за производите на Apple во период од ЕДНА (1) ГОДИНА од датумот на првичното купување во малопродажба од страна на купувачот кој е краен корисник („Гарантен период“). Вие ќе можете да ги користите правните лекови кои произлегуваат од едногодишната ограничена гаранција за вашиот производ на Apple преку локалните сервиси на Apple во повеќето делови од светот (погледнете го делот „Како да добиете сервис во согласност со гаранцијата“).  Во случај на каков било дефект во материјалите и изработката, вие ќе можете да ги упатите вашите побарувања до Apple, дури и во ситуации кога производот на Apple сте го купиле од трета страна.

За гаранторот на Apple за производите првично купени во Кралството Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати или Украина, видете https://www.apple.com/mk/legal/warranty/obligor.html.

Напомена: Сите побарувања направени по основ на едногодишната ограничена гаранција на Apple се уредуваат согласно одредбите наведени во овој документ за гаранција.

Покрај тоа, Apple ќе ви обезбеди пристап и до телефонска техничка поддршка за период од деведесет (90) дена од испораката на производите на Apple.

ШТО НЕ Е ПОКРИЕНО СО ОВАА ГАРАНЦИЈА?

Оваа гаранција не се однесува на хардверски производи што не се од брендот на Apple или каков било софтвер, дури и тогаш кога истите се спакувани или се продаваат заедно со хардверот на Apple. 

Производите кои не се од брендот на Apple може да бидат придружени со гаранцијата на производителот, која обезбедува погодности дополнително на правата согласно Законот за заштита на потрошувачите - проверете го пакувањето на вашиот производ и литературата за повеќе детали. 

Погледнете го договорот за лиценцирање кој е приложен кон софтверот за информации за вашите права во однос на користењето на софтверот.

Може да добиете услуга во земјите од Европската економска област (ЕЕО) и Швајцарија без трошоци за испорака и ракување.  Надвор од овој регион, опциите за услуга може да се ограничени. Ако дадена опција за услуга не е достапна за производот на Apple во таа земја, Apple или неговиот застапник ќе ве извести за сите дополнителни трошоци за транспорт и ракување што може да важат пред да се изврши услугата.  Трошоци за транспорт и ракување не се наплаќаат во земјите во кои Apple има малопродажно место или oвластен давател на услуги („AASP“) (список на тековни локации на услуги е даден наsupport.apple.com/mk-mk/HT1434).

Кога контактирате со Apple преку телефон, може да ви бидат наплатени надоместоци за повикот во зависност од вашата локација. Контактирајте со вашиот мрежен оператор за повеќе детали.

Оваа гаранција не важи за: (a) потрошни делови, како што се батерии или заштитни футроли што се дизајнирани да се истрошат со тек на време, освен во случај на дефект како резултат на грешка во материјалите или изработката; (б) козметичко оштетување, вклучувајќи, но без ограничување на гребнатини, вдлабнатини и скршена пластика на портите, освен во случај на дефект како резултат на грешка во материјалите или изработката; (в) оштетување предизвикано од користење со компонента од трета страна или производ што не ги исполнува спецификациите на производот на Apple (спецификациите на производот на Apple се достапни на www.apple.com/mk под техничките спецификации за секој производ и во продавниците); (г) оштетување предизвикано од несреќен случај, злоупотреба, погрешна употреба, пожар, контакт со течност, земјотрес или друга надворешна причина; (д) оштетување предизвикано од ракување со производот на Apple спротивно на упатството за корисници, техничките спецификации или другите објавени насоки за производите на Apple; (ѓ) оштетување предизвикано од сервисирање (вклучително и надградби и проширувања) изведено од лице кое не е застапник на Apple или на овластен давател на услуги на Apple („AASP“); (е) производ на Apple кој е изменет за да се промени неговата функционалност или способност без писмена дозвола од Apple; (ж) штета предизвикана од абење при употреба или инаку како резултат на нормално стареење на производот на Apple; (з) доколку кој било сериски број е отстранет или избришан од производот на Apple, или (ѕ) доколку Apple добие информации од релевантни државни органи или регистри дека производот е украден или доколку не сте во можност да ја деактивирате лозинката или другите мерки на безбедност дизајнирани да спречат неовластен пристап до производот на Apple и не може да докажете на ниту еден начин дека сте овластен корисник на производот (на пр. со приложување доказ за купувањето). Во мера дозволена согласно локалното законодавство, Apple може да обезбеди информации за идентификаторот на хардверот од производот на Apple на таквите органи или регистри за безбедносни потреби и спречување измама.

ВАЖНИ ОГРАНИЧУВАЊА

Apple може да го ограничи гарантното сервисирање за хардверски производи на земјата или регионот каде што Apple или неговите Овластени препродавачи првично го продале уредот. Apple може да го ограничи гарантното сервисирање за хардверски производи купени во Европската економска област (ЕЕО) или Швајцарија на ЕЕО и Швајцарија.

ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ

ДОКОЛКУ ВАШИОТ ПРОИЗВОД НА APPLE МОЖЕ ДА СКЛАДИРА СОФТВЕРСКИ ПРОГРАМИ, ПОДАТОЦИ И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ, ТРЕБА ПЕРИОДИЧНО ДА ПРАВИТЕ РЕЗЕРВНИ КОПИИ НА ИНФОРМАЦИИТЕ СОДРЖАНИ ВО МЕДИУМИТЕ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ВАШИОТ ПРОИЗВОД НА APPLE ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ СОДРЖИНИТЕ И КАКО ЕДЕН ВИД НА МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО СЛУЧАЈ НА МОЖНИ ОПЕРАТИВНИ ГРЕШКИ. 

Пред да го донесете вашиот производ на Apple за сервис согласно гаранцијата, треба да направите посебна резервна копија на содржините во неговите медиуми за складирање, да ги отстраните сите лични информации и да ги исклучите сите безбедносни лозинки. Содржините во медиумите за складирање на вашиот производ на Apple може да бидат избришани, заменети и/или одново форматирани во текот на сервисирањето.

По сервисирањето согласно гаранцијата, вашиот производ на Apple или заменски производ ќе ви биде вратен како што бил оригинално конфигуриран вашиот производ на Apple при првичната продажба, заедно со применливите ажурирања. Apple може да инсталира ажурирања на системскиот софтвер како дел од гарантното сервисирање што ќе спречи производот на Apple да се врати во претходна верзија на системскиот софтвер. Апликации од трета страна што се инсталирани на производот на Apple може да не се компатибилни или да не функционираат на производот на Apple како резултат на ажурирањето на системскиот софтвер. Вие сте одговорни за повторно инсталирање на сите други софтверски програми, податоци и информации. Враќањето и повторното инсталирање на други софтверски програми, податоци и информации не се покриени со оваа гаранција.

Можете да побарате сервис во земјата која не е земјата од каде сте го купиле производот на Apple и во тој случај ќе треба да постапувате според сите применливи закони и прописи за увоз и извоз и ќе бидете одговорни за сите царински давачки, ДДВ и други поврзани даноци и трошоци. 

ШТО ЌЕ НАПРАВИ APPLE ВО СЛУЧАЈ НА БАРАЊЕ ПО ГАРАНЦИЈАТА?

Доколку за време на гарантниот период поднесете побарување кај Apple во согласност со оваа гаранција, Apple по свој избор ќе го направи следното:

(i) ќе го поправи производот на Apple со нови или претходно користени оригинални делови на Apple коишто биле тестирани и ги поминале функционалните услови на Apple, или 

(ii) ќе го замени производот на Apple со заменски производ од истиот модел (или, со ваша согласност, со производ којшто ги има истите или суштински слични карактеристики како оригиналниот производ – на пр., различен модел со истите карактеристики или ист модел со различна боја) којшто е нов или составен од нови и/или претходно користени оригинални делови на Apple и бил тестиран и ги поминал функционалните услови на Apple, или 

(iii) ќе ви ги врати парите, а за возврат ќе го вратите вашиот производ на Apple.

Кога одреден производ или дел се заменува или се враќаат парите, секој производ што се користи како замена станува ваша сопственост, а заменетиот или вратениот производ станува сопственост на Apple.

За заменскиот дел или производ или поправен производ на Apple продолжува да важи преостанатиот период од гаранција на оригиналниот производ на Apple или деведесет (90) дена од датумот на замената или поправката, кој и да обезбедува подолга гаранција за вас. 

За сервис што се бара во земја која не е земјата од каде што е купен производот на Apple, Apple може да ги поправи или замени производите и деловите со слични производи и делови кои одговараат на локалните стандарди. За сервисот, Apple може да користи производи на Apple или заменски делови од различна држава од онаа од каде оригинално потекнува производот на Apple или оригиналните делови.

КАКО ДА ДОБИЕТЕ СЕРВИС СОГЛАСНО ГАРАНЦИЈАТА?

Пристапете и прегледајте ги следните содржини за помош на интернет пред да побарате сервис согласно гаранцијата:

Информации за меѓународна поддршка

www.apple.com/support/country

Apple Authorized Service Provider, Овластени препродавачи на Apple и малопродажни места на Apple

support.apple.com/kb/HT1434

Поддршка и услуги на Apple

www.apple.com/support/contact/phone_contacts.html

Бесплатна поддршка од Apple

www.apple.com/support/country/?dest=complimentary

Доколку немате пристап до интернет или производот на Apple не функционира правилно и покрај користењето на овие ресурси, стапете во контакт со претставник на Apple или, доколку е применливо со малопродажно место на Apple („Apple Retail“) или со AASP и тие ќе ви помогнат да утврдите дали на вашиот производ на Apple му треба сервисирање и, доколку е така, ќе ве информираат кои опции за сервис согласно гаранцијата наведени подолу ќе ги обезбеди Apple. 

Пред да добиете сервис согласно гаранцијата, Apple или неговите застапници можат да побараат да доставите докази за купувањето, да одговорите на прашања кои се дизајнирани со цел да помогнат при откривањето на потенцијалните проблеми и да ги следите процедурите на Apple за добивање на сервис согласно гаранцијата, како на пример, следење на упатствата за пакување и транспортирање на производи на Apple кога добивате сервис со враќање по пошта, како што е опишано подолу. 

ОПЦИИ ЗА ГАРАНТНО СЕРВИСИРАЊЕ

Apple ќе обезбеди сервис согласно гаранцијата преку една од следниве опции:

(i) Сервис „донеси сам“. Apple може да побара да го вратите вашиот производ на Apple во продавница за малопродажба на Apple или локација на овластен давател на услуги на Apple кои нудат сервис „донеси сам“. Вашиот производ на Apple може да биде испратен до сервис за поправки на Apple („ARS“) за да биде сервисиран. Откако ќе бидете известени дека сервисирањето е завршено, ќе го земете производот на Apple од продавницата за малопродажба на Apple или од овластениот давател на услуги на Apple (AASP) без одлагање освен ако Apple не ве извести дека производот на Apple ќе биде испратен директно до вашата локација од локацијата на сервисот за поправки на Apple (ARS).

(ii) Сервис со враќање по пошта. Доколку Apple одлучи да обезбеди сервисирање преку неговиот сервис со враќање по пошта, Apple ќе ви ги испрати однапред платените товарни листови и доколку е применливо, материјал за пакување и упатства за начинот на правилно пакување и адресирање на производот, за да може да го испратите вашиот производ на Apple до локацијата на сервисот за поправки на Apple (ARS) или овластениот давател на услуги на Apple (AASP). По завршувањето на сервисот, сервисот за поправки (ARS) или овластениот давател на услуги на Apple (AASP) ќе ви го врати производот на Apple. Apple ќе плати за испорака до и од вашата локација доколку се следат сите упатства за методот на пакување и испорака на производот на Apple.

(iii) Сервис за делови „направи сам“ („DIY“). Во рамките на сервисот за делови „направи сам“, Apple ќе ви обезбеди замена на производот или делови и додатоци за производот што лесно се заменуваат, како на пример, глувче или тастатура, кои можат да се заменат без користење на алати.  Напомена: Apple не е одговорен за трошоци за работна рака кои може да настанат во врска со сервисот за делови „направи сам“. Доколку ви е потребна дополнителна помош при замената, стапете во контакт со Apple на телефонскиот број наведен подолу или посетете продавница за малопродажба на Apple или овластен давател на услуги на Apple (AASP). Доколку Apple одлучи да обезбеди сервис преку сервисот „направи сам“, ќе се применува следниот процес: 

(a) Сервисирање каде што Apple бара враќање на заменетиот производ, дел или додаток: Apple може да бара авторизација на кредитна картичка како гаранција за малопродажната цена на производот, делот или додатокот за замена и за важечките транспортни трошоци. Apple ќе ви испрати заменски производ, дел или додаток со упатства за замена, доколку е применливо, и секакви други услови за враќање на заменетиот производ или дел. Доколку ги следите упатствата, Apple ќе ја откаже авторизацијата на кредитната картичка, така што нема да ви биде наплатено за производот или делот и транспортот до и од вашата локација. Доколку не го вратите заменетиот производ, дел или додаток според упатствата или пак вратите заменет производ, дел или додаток кои се неподобни за сервис, Apple ќе ја наплати авторизираната сума од вашата кредитна картичка. Доколку не сте во можност да обезбедите авторизација на кредитна картичка, сервисот може да не ви биде достапен и Apple ќе ви понуди други опции за сервис.

(б) Сервисирање каде што Apple не бара враќање на заменетиот производ, дел или додаток: Apple бесплатно ќе ви испрати заменски производ, дел или додаток со упатства за инсталација, доколку е применливо, и секакви други услови за отстранување на заменетиот производ, дел или додаток. 

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

(i) Целиот договор:

Освен правата кои ги остварувате согласно законот за заштита на потрошувачите како што е наведено на почетокот на овој документ, сите гаранции, услови и други правила што не се наведени во овој документ за гаранција се исклучени од Едногодишната гаранција на Apple. Одредени земји не дозволуваат ограничувања на важноста на гаранциите, условите и/или имплицитните одредби, така што ограничувањата опишани погоре може да не важат за вас.

(ii) Оградување во однос на податоците:

Apple не гарантира, застапува или се обврзува дека ќе може да поправи или замени кој било производ на Apple според оваа гаранција без ризик и/или губење на информации и/или податоци зачувани на производот на Apple. 

(iii) Ограничување на одговорност:

Во никој случај Apple нема да биде одговорен за:

Одредбите од овој документ за гаранција нема да важат во случај на (i) смрт или лична повреда, (ii) измама или крајна небрежност; или (iii) лажно претставување; или (iv) која било друга одговорност што не може да се ограничи или исклучи со закон. 

ОПШТО

Ниту еден препродавач, застапник или вработен на Apple не е овластен да врши какви било измени, проширувања или дополнувања кон оваа гаранција. 

Доколку некој услов се смета за незаконски или неспроведлив по сила на закон, тој ќе биде исклучен од гаранцијата и нема да влијае врз законитоста или спроведливоста на преостанатите услови. 

Оваа гаранција се уредува и се толкува според законите на земјата во која е купен производот на Apple. 

За производите купени во Белорусија, Украина, Казахстан, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Киргистан, Узбекистан, Туркменистан или Таџикистан, сервисниот век на производот на Apple изнесува три (3) години.

© 2023 Apple Inc. Сите права се задржани. Apple и логото на Apple се трговски марки на Apple Inc. регистрирани во САД и други земји.

030123-EMEA-VAD-Universal-Warranty-Macedonian-v1.6